Абрамович ќе ’чести’ огромни бонуси ако Челси ја освои титулата

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, ветил огромни бонуси за стручниот штаб и за фудбалерите доколку неговиот тим успее да ја освои шампионската титула во Премиер – лигата оваа сезона. Ќе биде тоа петта шампионска круна за 13 години, откако Русинот е на чело на клубот од „Стемфорд бриџ“, и тоа во дебитантската година на новиот менаџер Антонио Конте.

Токму затоа Конте ќе биде и најнаградениот. Медиумите на Островот откриваат дека Италијанецот ќе добие бонус од фантастични 5 милиони фунти, доколку го донесе шампионскиот пехар. За споредба, неговата годишна плата изнесува 6 милиони фунти, што значи дека безмалку ќе добие двојно повеќе од договореното. Секако, бонуси поголеми од еден милион фунти ќе добијат и фудбалерите.

Антонио Конте оваа сезона е петти најплатен менаџер во Премиер – лигата. Пред него се Пеп Гвардиола, Жозе Муриео, Јирген Клоп и Арсен Венгер, но најавите велат дека Абрамович ќе ја ревидира оваа ставка во неговиот договор, со оглед дека италијанскиот стратег веќе има огромни понуди од клубовите во Кина, но и од италијанскиот Интер.

Се вчитува...