Амбициозните планови на Челси за обновување на „Стемфорд Бриџ“ се запрени. Лондонскиот клуб имаше проект вреден една милијарда фунти со кој постоечкиот стадион требаше да биде проширен на капацитет од 60.000 седишта. Челси се избори дури и со пречките кои ги правеа локалните сопоственици на домови, но сепак беше принуден да се повлече.
„Планот за изградба на нов стадион е запрен. Одлуката е донесена поради лошата клима за инвестирање. Клубот нема временска рамка во која повторно би ја разгледувал идејата за реконструкција“ – стои во соопштението на Челси.
Ваквата одлука дефинитивно е поврзана со проблемите кои што ги имаше сопственикот Роман Абрамович со продолжувањето на британската виза. Тој стана државјанин на Израел, но со тоа има само слободен влез во Британија, но не и отворени можности за инвестирање. Компликациите со визата на Абрамович се должат на сериозно затегнатите политички односи меѓу Велика Британија и Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА