Рускиот тајкун Роман Абрамович нема намера да го продаде Челси, пренесуваат медиумите од Британија. Русинот на чело на лондонскиот гигант е од 2003 година, а се говореше за негово напуштање на Челси поради тоа што не може да добие британска виза. Тој последен пат на меч на Челси бил во мај минатата година.
Изминатиот период се шпекулираше дека еден од најбогатите луѓе во земјата Сер Џим Ретклиф е заинтересиран за купување на клубот. Ретклиф е директор на компанијата „Инеос“, а неговото богатство е проценето на 21 милијарда фунти.
Инаку, Абрамович вредноста на Челси ја проценува на 2,5 милијарди фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА