Роман Абрамович доби израелско државјанство и ќе се пресели во Тел Авив објави портпоролот на Владата на Израел. Сопственикот на Челси имаше неообичаено одложување на процедурата на прдолжување на британската виза. Израелците уште претходно објавија дека му понудиле државјанство на Абрамович. Владата на Британија и претставникот на рускиот тајкун одбија да коментираат за случајот.
Абрамович вечера ги добил израелските документи. Тој е Евреин, а израелската влада експресно им издава пасоши на лицата со еврејско потекло. Абрамович веќе купил имот во Тел Авив. Државјаните на Израел имаат право да влегуваат во Британија без виза, податок што драстично му ги олеснува работите на рускиот сопственик на Челзи кој по истекот на визта не бил на британско тло уште од први април.
Шпекулациите велат дека целиот проблем околу продолжувањето на „визта 1“ која им се овозможува на бизнесмени кои вложуваа повеќе од 2 милиони фунти во државата се должи на исклучитело затегнатите политички односи меѓу Велика Британија и Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА