Абрамович веќе не е газда на Челси: Мораше вака, за клубот да не пропадне!

Роман Абрамович од вечерва повеќе не раководи со Челси, откако рускиот милијардер беше принуден на ваков чекор по британските санкции кон Русија и луѓето кои важат за блиски до Владимир Путин. Постоеја најави дека лондонскиот клуб би можел и да му биде одземен на рускиот милијардер, како и дека тој се подготвува за продажба, за Абрамович вечерва да го обелодени својот следен потег.

Имено, Русинот раководењето со клубот го препушти на „хуманитарната фондација“  на Челси, на која тој директно не е сопственик.

„Во овие речиси 20 години како сопственик на Челси секогаш гледав на себе како на човек што треба да го чува клубот, да придонесува тој да биде успешен. Секогаш сум работел за доброто на Челси и истите вредности ги негувам до ден денеска. Затоа, денеска ја препуштам контролата и грижата за фудбалскиот клуб Челси на „Хуманитарната фондација Челси“. Луѓето кои раководат со оваа фондација се во најдобра можност да раководат со клубот“, порача Роман Абрамович преку соопштение до јавноста.

Се вчитува...