Абрамович е првиот што ја „плати цената“ откако Русија ја нападна Украина

Роман Абрамович се најде во центарот на вниманието на англиската јавност откако беше објавено дека му е забранет влез во Велика Британија. Абрамовиќ претходните години беше на суд затоа што не можеше да влезе во Велика Британија иако со години е сопственик на Челси, но земјата одби да му ја продолжи визата.

Но, пред една година беше објавено дека тоа е решено и дека Абрамович би можел да се врати во Лондон, но како што стојат работите ситуацијата се искомплицирала. „Дејли мејл“ утринава објави дека Велика Британија повторно му забранила на Абрамович да влезе во оваа земја, а сето тоа затоа што е многу близок пријател и соработник на Владимир Путин.

Откако Русија утринава ја нападна Украина, Путин и неговите соработници добија жестоки осуди и критики поради тоа, а некои земји се обидуваат да им воведат одредени санкции. Мета беше и Абрамович, а Велика Британија веднаш му забрани влез во земјата во која живееше неколку години.

Медиумите во Англија пишуваат дека на Абрамовиќ повторно му било забрането да живее во Лондон и веруваат дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Сопственикот на Челси не бил на „Стемфорд Бриџ“ неколку месеци бидејќи очигледно знаел што следува. Тој е сопственик на вила во Лондон која чини дури 125 милиони фунти, а таму живеел неколку години, но се се искомплицирало кога било објавено дека соработува со Путин.

 

Се вчитува...