Филаделфија и Њујорк Никс ќе ги одмерат силите во Абу Даби во два претсезонски натпревари пред почетокот на новата сезона во НБА.
Натпреварите се закажани за 2. и 4. октомври во познатата „Етихад арена“ на островот Јас. Ова е продолжение на традицијата на Емирати да се играат натпревари од најсилната кошаркарска лига.
Минатата година на истото место се сретнаа Денвер Нагетс и Бостон Селтикс.
„Воодушевени сме што четврта година по ред ќе бидеме домаќини на најдобрите тимови. Уште еднаш покажавме дека Абу Даби е врвна дестинација за светските спортски настани“, рече Салех Ал Гезири, директор на Туристичката организација на Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА