Абубакар како Зинедин Зидан

Винсент Абубакар е херојот на Камерун на овој светски шампионат, откако големиот ас по голот и асистенцијата против Србија блесна и против најсилниот можен ривал, селекцијата на Бразил.

Токму Абубакар беше стрелец на единствениот гол со кој Камерунците ги шокираа „кариоките“, по што искусниот голгетер полуде од радост соблекувајќи го дресот.

Следеше и заслужен црвен картон за кој Камерунецот воопшто не протестираше, а интересно е што Абубакар стана прв фудбалер што постигнал гол и бил исклучен на ист мундијалски меч по Зинедин Зидан и неговиот црвен картон во финалето од СП 2006.

Се вчитува...