Абубакар: Не заминав поради Роналдо, тој ме убедуваше да останам

Камерунскиот напаѓач Винсент Абубакар, го напушти тимот на Ал Наср на почетокот на годината, само неколку дена откако во клубот дојде Кристијано Роналдо. Во медиумите се шпекулираште дека токму Роналдо бил причината за заминување на напаѓачот, поради тоа што Ал Наср наводно не можел да регистрира повеќе странци, па морал да се ослободи од еден.

Сепак, Абубакар не само што ги негира тие шпекулации, туку тврди дека Роналдо го убедувал да остане во Ал Наср.

„Разговаравме со Кристијано и тој ми кажа дека сака да останам. Му кажав дека сакам да си одам од фамилијарни причини. Ме праша каде ми е семејството, во тој момент беше во Франција, и сакав да одам во Турција, затоа што е блиску до Франција“, откри Абубакар.

„Тој ми кажа дека тоа е добра одлука, и дека ситуацијата ми е сега комплицирана кога сум далеку од семејството“, изјави Камерунецот кој се врати во Бешикташ.

Се вчитува...