Илија Абутовиќ по крајот на сезоната ги напушта редовите на Вардар. Беспрекорниот борец во „црвено-црниот“ тим погледнувајќи ја атмосферата на вчерашниот финален натпревар од СЕХА лигата вели дека ќе му недостасуваа оваа атмосфера во Скопје…
„Да бидам искрен и тоа како ќе ми недостасува оваа публика, оваа атмосфера која ја има во Скопје. Но, сигурно ќе имам можност повторно да се враќам ете сега со друга екипа“ – истакна Абутовиќ по синоќешната победа над Загреб, надополнувајќи дека трофејот во СЕХА лигата е мотив плус за сите предизвици кои го очекуваат тимот сега во Лигата на шампионите, најпрво против Кил во четвртфиналето…
„Реализиравме навистина прекрасни моменти во СЕХА лигата но сето тоа сега го оставаме зад нас, затоа што не чекаат други предизвици… Имаме седум дена добро да се подготвиме за дуелите со Кил во Лигата на шампионите. За мечевите со Кил ќе ни треба малку повеќе од ова досега демонстрираното, но сигурно оваа титула ни дава дополнителен мотив пред тие натпревари. Оваа титула ја засилува самодовербата пред најважните мечеви“ – вели Абутовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА