Абутовиќ: Многу сум среќен што се вратив во Македонија

Дел од македонскиот ракометен шампион Пелистер во новата сезона ќе биде и искусниот дефанзивец Илија Абутовиќ кој се врати во македонскиот ракомет откако претходно со успех го носеше дресот на големиот ривал на битолскиот тим, Вардар.

Тој не го криеше задоволството од враќањето во Битола, а верува и дека неговиот нов тим ќе биде „тврд орев“ за екипите и од Лигата на Шампиони, поготово пред битолската публика.

„Многу сум среќен што се вратив во Македонија и што повторно ќе играм во Лигата на шампионите со еден македонски тим. По тоа што го гледам, мислам дека ќе имаме добра и борбена екипа, со два добри голмани. Се надевам дека ќе извлечеме добар резултат во домашното првенство и Лигата на шампионите.

Цело време ги читам македонските медиуми, гледам натпревари. Го следев и македонското првенство, особено дерби пресметките. Ми се допаѓа што лигата е многу поправена и посилна, делува дека е апсолутно израмнето со четири-пет одлични екипи.

Ми делува дека ќе бидеме „тврд орев“ за сите и во Лигата на шампионите, особено дома. Мора да бидеме борбени и се надевам дека ќе направиме нешто добро“, изјави Абутовиќ.

Се вчитува...