Ракометарот на Е. Пелистер, Илија Абутовиќ, кој најблескавите моменти во кариерата ги мина во дресот на Вардар освојувајќи две титули во Лигата на Шампионите, синоќа и официјално ја заврши репрезентативната кариера.
Абутовиќ пед мечот меѓу Србија и Летонија (38-25), доби врамен дрес на подарок и овации од трибините како благодарност за максмималното залагање на секој од 55-те одиграни натпревари за националниот тим.
„Би сакал да се заблагодарам на федерацијата што направи голема работа за мене со овој гест. Од најраните ракометни почетоци сонував да заиграм за мојата земја и тој сон ми се исполни. Ми беше големо задоволство, но и одговорност да го носам репрезентативниот дрес, сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, тренери, членови на стручниот штаб, што беа дел од овој мој пат во репрезентацијата. Иако веќе нема да бидам активен и да помагам на теренот, секогаш ќе бидам еден од вашите најголеми навивачи на трибините“, изјави Илија Абутовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА