Адам Ханга стави крај на репрезентативната кариера

Адам Ханга во иднина нема да го носи дресот на репрезентацијата на Унгарија. 35-годишниот по 17 години настап за својата држава се одлучи да замине во репрезентативна пензија.

Ханга со Унгарија играше на две Европски првенства, а како што вели самиот во спомен ќе му остане она од 2017 година кога по речиси 20 години оваа европска репрезентација повторно се најде на „големата врата“, минувајќи ги квалификациите во кои во истата група беше и Македонија.

„Ова беше една од најголемите почести во мојот живот и бескрајно сум благодарен за патувањето што го поминавме заедно. Секоја победа, секој предизвик и секој момент ме обликуваа не само како играч туку и како личност. Европското првенство 2017 година се издвојува во моите сеќавања, тоа беше неверојатно искуство што ќе го негувам засекогаш“, напиша Ханга на социјалните мрежи.

Се вчитува...