Адама Траоре, Адама Траоре и Адама Траоре ќе играат во иста репрезентација

Интересна ситуација ни доаѓа од фудбалската репрезентација на Мали. Во истата репрезентација ќе играат тројца фудбалери кои делат исто име и презиме, Адама Траоре. Првиот Адама Траоре е крилниот фудбалер на францускиот Мец, кој за репрезентацијата досега одигра 26 натпревари, а своето деби го имаше во 2013. година.

Вториот Адама Траоре исто така е член на Мец, каде летово пристигна на позајмица од редовите на Монако. Во Европа е од 2014 година кога потпиша за екипата на Лил, а година дена покасно дебитираше и за репрезентацијата на Мали.

Последниот Адама Траоре е најголемата ѕвезда во репрезентацијата. Тој кариерата ја почна во Барселона. Последните четири години игра во Англија, а моментално е член на Вулверхемптон. Беше млад репрезентативец на Шпанија, но поради големата конкуренција во „црвената-фурија“ одлучи да игра за земјата од која потекнуваат неговите родители.

 

Се вчитува...