Елче имаше предност од 2-0 над Севиља, но на крајот мораше да се задоволи само со бод, откако гостите успеаја да стигнат до израмнување во последните мигови од мечот.
Фебас во 14. минута прими одлична топка на работ од шеснаесетникот, и погоди во долниот лев агол за предност на домашните. Во 38 минута Севиља имаше најдобра шанса да израмни, но Менди ја погоди само пречката.
Валера во 56. минута успеа да мине низ одбраната, и со прецизен удар да го совлада гостинскиот голман за добра предност од 2-0.
Севиља одново нема среќа, и во 61. минута ја погоди стативата преку Осо. Потоа на сцена стапи Адамс, кој успеа да постигне два гола. Најпрво во 75. минута успеа да намали, а потоа во 92 минута мирно реализираше од пенал за израмнување и за бод од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

