Адаму од Гостивар е нов фудбалер на Шкендија

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија денеска го официјализираше трансферот на нигерискиот интернационалец Алхасан Адаму.

Адаму во редовите на тетовци доаѓа од Гостивар каде играше минатата сезона.

„Се израдував кога ја видов понудата од Шкендија, затоа што знам за каков тим се работи и нивниот стил на игра. Се ми се допаѓа овде, начинот на игра, начинот на работа, тука се изгледа професионално па затоа одлучив да дојдам“, изјави Адаму.

Се вчитува...