Адебајор поради пандемијата од коронавирусот остана без клуб по само два натпревари

Поранешниот најдобар африкански фудбалер Емануел Адебајор ги напушти редовите на парагвајската Олимпија од Асунсион по само пет месеци минати во клубот поради проблеми кои беа предизвикани од пандемијата од коронавирусот.

Од Олимпија објавија како враќањето на Адебајор во Того, каде го помина поголемото време од избивањето на пандемијата, предизвика значајни здравствени и сигурносни проблеми, па се одлучија договорот да биде раскинат.

Адебајор пред избивањето на пандемијата забележа само два натпревари за парагвајскиот великан. Тогоанецот во богатата кариера ги носеше дресовите на Монако, Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем и Реал Мадрид.

Се вчитува...