Адебајор заминува во пензија на 39-годишна возраст

Емануел Адебајор на 39-годишна возраст ја завршува својата богата фудбалска кариерата. Тогоанецот истата ја започна во Метс, а ја продолжи во Монако, Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхен, Кристал Палас, Башчешехир, Кајсериспор, Олимпиа и Семаси.

Во 2007 година беше избран за најдобар афрички фудбалер, а и покрај тоа што не освои голем број на трофеи може да се пофали со оној во Купот на Шпанија од сезоната 2010/11. Дресот на репрезентацијата на Того го носеше од од 2000 до 2019 година постигнувајќи 32 гола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Real Adebayor (@e_adebayor)

Се вчитува...