Македонија ЃП долго време сонува за Куп трофеј. Ќе има шанси да го освои утре во финале против Силекс, во своето трето финале на Купот од осамостојувањето.
Ермедин Адем, капитенот на „лавовите“ истакна дека посакува сезоната да биде крунисана сезоната со Куп трофеј. Адем кажа дека неговиот тим стигнал до финалето по тежок пат, елиминирајќи ги Академија Пандев, Шкупи и Струга, а сега е време за пехарот.
„Не’ очекува голем натпревар. Цела сезона се бориме за вакви натпревари и сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп трофеј. Ја респектираме екипата на Силекс, која се прошета во Втората лига, и неслучајно се во финале, покажувајќи дека се добра екипа. Ние сме подготвени, имавме добра сезона, можеби најтежок пат до финалето, ги поминавме сите и стигнавме до тука. Кој и да настапи, ќе го даде максимумот, и верувам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи и трофејот после долги години да го донесеме во Ѓорче Петров“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА