Адем: Ќе дадам максимум за Шкупи, сакам да ја одбраниме титула во домашниот шампионат

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Али Адем е најновото засилување на актуелниот шампион на Македонија, Шкупи. Тој во Скопје се враќа од редовите на грчки Арис и се очекува да биде од голема помош на тренерот Гоце Седлоски за домашното првенство, но и за настапите на интернационалната сцена.

За 22-годишникот тоа ќе биде втор престој во Шкупи каде беше на позајмица со 2021 година па не го криеше задоволството од враќањето во Чаир, а изјави дека ќе даде максимум во „сино-белиот“ дрес за одбрана на титулата.

„Секако дека сум среќен што се враќам во Шкупи. Ветувам дека ќе го дадам максимумот и се надеваме дека ќе стигнеме што е можно подалеку во квалификациските натпревари за Лигата на шампионите на УЕФА и ќе ја одбраниме титулата на домашниот шампионат“, вели Адем.

Се вчитува...