Еден од најдобрите фудбалери на Македонија ЃП, капитенот Ермедин Адем нагласува дека тој и сите негови соиграчи се максимално подготвени да дојдат до позитивен резултат на утрешниот прв натпревар против ЦСКА Софија во 2. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.
„Лавовите“ од 17:30 часот ги очекува пресметката на стадионот на тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје, која треба да донесе позитивен резултат пред реваншот за седум дена во Софија.
„Знаеме дека противникот е фаворит, за разлика од нас кој сме претежно млад тим. За добар дел од играчите ова е прва посериозна европска пресметка за да може да видиме до каде сме. Но, може да ветиме дека ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до позитивен резултат пред реваншот во Софија. Свесни сме дека ќе има и пеколни временски услови за игра, ќе биде тежок дуел но ќе го дадеме максимумот за да ги израдуваме сите наши навивачи“ – истакна Адем на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

