Поранешниот српски репрезентативец Адем Љајиќ и официјално претставен како нов фудбалер на Сараево!
Екс-фудбалерот на Интер, Фиорентина и Рома е претставен како големо засилување за Сараево за новата сезона, приклучувајќи се на македонските фудбалери Стефан Ристовски и Агон Елези кои претходно во овој трансфер-период го засилија клубот.
А, поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски продолжува сега со одличниот трансфер-период како генерален директор на Сараево, со ново засилување на задоволство на навивачите на клубот.
„Мора да кажам дека работиме вредно за да го најдеме најдоброто решение за Сараево на тренерската позиција. Но, пред тоа, сакаме да го промовираме нашиот нов играч – Адем Љајиќ, како големо засилување за тимот“ – истакна Велкоски на прес-конференцијата на промоцијата на новиот фудбалер.
„Им благодарам на сите за честа. Сигурен сум дека со моето однесување на теренот и надвор од него, ќе му помогнам на тимот да го постигне најдобриот резултат. Среќен сум што сум дел од овој клуб и се надевам на најдоброто и се гледаме наскоро на Кошево“- рече Љајиќ, притоа одговарајќи и на прашањето што може навивачите да очекуваат од него.
„Општо земено, многу верувам во себе и знам колку можам да дадам на теренот. Не сум некој што зборува надвор од теренот, но на теренот најважна е приказната. Мора да го дадете најдоброто од себе на секој тренинг и на секој натпревар. Сигурен сум дека ќе се обидам да им помогнам на младите играчи, за да бидат сè подобри и подобри секој ден и целиот тим да игра подобро“ – рече Љајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

