Адем Љајиќ се откажа од премијата: За мене настапот на СП е најголема награда

Репрезентативецот на Србија, Адем Љајиќ истакна дека се откажува од премијата која му следува од српската федерација за пласманот на Светското првенство 2019. Фудбалерот на Торино вели дека не постои поголема чест од самото играње за репрезентацијата.

„Се откажувам од премијата бидејќи играњето за Србија и пласманот на Светското првенство е поголема премија од предвидените суми. Барем јас така мислам, не ми треба парична премија, бидејќи јас веќе ја добив. Нема поубаво чувство од да го облечеш националниот дрес, да се бориш со сета сила за тој дрес, да придонесеш за победите и на крајот да ги оствариш целите – влез на Мундијалот“, изјави Љајиќ.

 

Се вчитува...