Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Адем Мекиќ го продолжи договорот со хрватскиот кошаркарски клуб Задар до крајот на натпреварувачката сезона 2023/24.
Мекиќ во тимот на Даниел Јусуп дојде во средината на март минатата сезона и немаше право на настап во АБА лигата, но со одличните партии во хрватскиот шампионат беше еден од главните виновници за освојувањето на титулата.
„Среќен сум што останувам и што ќе продолжам да соработувам со тренерот Даниел Јусуп и со повеќето играчи со кои ја делев соблекувалната минатата сезона. Нема пари што може да ја заменат радоста за освојување на титулата хрватски шампион во полн „Вишњик“. Возбуден сум и среќен што повторно ќе играм пред навивачите на Задар и со играчи кои станаа мои пријатели. Иако бев во Задар само два и пол месеци, многу се врзав за градот, луѓето и клубот“, изјави Мекиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА