Адеми: Ако не ја освоиме титулата тогаш сме предавници и лажговци!

Динамо Загреб уште еднаш комплетно ги разочара своите навивачи, со новиот пораз во шампионатот овој пат од Локомотива од 3-1, по кој и натаму никако да ја осигура шампионската титула сезонава…

„Немам поим кога ќе стигнеме до таа титула. Жално е ова што го правиме. Ова е трагично и нема смисла. Секогаш го повторуваме истото, се иста работа. Навистина немам поим што се случува“ – истакна разочарано Адеми по вчерашниот пораз на „модрите“, притоа дополнувајќи:

„Разговаравме отворено во соблекувалната. И сами не знаеме во што е проблемот. Се согласивме еве на крајот дека ќе се собереме, како знаеме и умееме, ќе го ‘размонтираме’ Рудеш во следното коло и ќе стигнеме до титулата. Ако не го направиме тоа, тогаш сме предавници на тимот и на сите кои веруваат во нас. Ако не го направиме тоа тогаш се лажеме еден на друг во очи“.

Се вчитува...