Хрватскиот шампион Динамо Загреб вечерва ќе го пречека норвешкиот Бодо Глимт во реваншот од плеј-оф фазата од годинашното издание на фудбалската Лига на шампиони. „Модрите“ вечерва ќе имаат за задача да ја анулираат негативата од еден гол (1-0) по поразот во Норвешка.
Капитенот на хрватскиот великан, Аријан Адеми пред мечот вели дека Бодо е сериозен и тежок противник, но тие веруваат дека на крајот ќе се радуваат на нов пласман во елитното натпреварување.
„Сите знаеме што не чека, знаеме дека пред нас е противник кој е многу тежок, кој многу добро го запознавме во Норешка. Подготвени сме и верувам дека се ќе помине добро за нас. Нас најмногу не радува полниот стадион, знаеме дека се билетите распродадени и тоа ќе ни биде ветер во грб. Сега ни е полесно, зашто го почувствувавме Бодо во првиот меч, сега го знаеме нивниот квалитет, подобро сме запознаени со нив и ќе одговориме уште подобро. Сакаме победа и тоа е тоа. Многу ни значи да играме ЛШ, верувам дека ќе успееме во тоа“, вели Адеми.
Натпреварот меѓу Динамо Загреб и Бодо Глимт кој ќе се игра на „Максимир“ е закажан за во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

