Адеми „диригира“, Ристовски „стрела“, Динамо победува (ВИДЕО)

Македонските фудбалски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски заедно со својот Динамо Загреб стигнаа до нов триумф во шампионатот на Хрватска откако во 19. коло на домашен терен славеа над Локомотива Загреб со 2-1.

И покрај сите шпекулации за несогласувањата со раководството Аријан Адеми го почна овој натпревар и го водеше својот тим до нова победа. Стефан Ристовски со „резантен“ удар во 35. минута донесе водство од 1-0 за домаќините, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел „модрите“ го удвоија водството со погодокот на Батурина во 59. минута. До крајот гостите успеаја само да постигнат почесен погодок во 65. минута преку Пивариќ.

 

 

 


Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...