Адеми е дерби-мајстор: Велемајсторска „левица“ за водство на Динамо против Хајдук (видео)

Аријан Адеми уште еднаш се докажува како играч за големи натпревари откако македонскиот репрезентативец блесна на големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук.

Се играа почетните минути кога Адеми мајсторски прими топка во противничкиот шеснаесетник, по што маестрално биеше со левата нога, не оставајќи му шанса на противничкиот голман да интервенира.

Веднаш по овој погодок, Динамо постигна и втор гол преку Батурина, со што „модрите“ имаат одлична предност во дербито во кое можат дополнително да се одлепат во трката за титулата.

Се вчитува...