Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги надмина проблемите со повредата и е во стартниот состав на Динамо Загреб за реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа против Вилјареал.
Во почетниот тим очекувано е и Стефан Ристовски кој игра во извонредна форма по доаѓањето во Динамо Загреб.
„Модрите“ имаат негатива од 0-1 против шпанскиот состав по првиот натпревар одигран на „Максимир“ во Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА