Адеми: Феноменален еден час и потоа… не знам, не знам што се случи!

Еден од најдобрите македонски фудбалери Аријан Адеми видно разочаран по поразот од Украинците во еден меч во кој Македонија одигра одличен еден час и потоа несфатлив пад во играта.

„Не знам, навистина не знам“ – ни изјави Адеми по мечот, притоа со еден долг молк, па продолжувајќи:

„Еден час феноменална игра и потоа…. Не знам, не знам, не знам што да кажам, не знам што се случи. Знам само дека сега мора да се собереме затоа што за само три дена во Англија не чека еден многу тежок меч, ќе биде тоа навистина тежок, тежок меч“.

Се шпекулира дека Англија ќе биде твој последен натпревар во репрезентацијата. Дали е тоа вистина?

„Ја знам таа приказна и навистина не знам кој постојано ги пушта тие работи во јавност. Може да кажам само дека не е точна приказната. И не е последен натпревар“ – категоричен е Адеми.

Се вчитува...