Динамо Загреб барем за момент ја надмина кризата иако не беше воопшто лесно во куп натпреварот против нисколигашо Бањоле. „Модрите“ од Загреб некако успеаја да слават на ова гостување со 1-3 и да се пласираат во осминафиналето од Националниот куп.
Водство од 0-2 по само десет минути донесоа Шипкиќ и Куленовиќ. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2 преку Каменички во 34. минута. Нов кикс и разочарувачки настап на хрватскиот шампион спречи македонскиот интернационалец Аријан Адеми кој со својот прв погодок сезонава во 86. минута ги постави конечните 1-3.
Дел од тимот на Динамо Загреб на овој меч беше и Стефан Ристовски.
⚽️BANJOLE – DINAMO 1:3 – Modri su mogli odahnuti u završnici susreta kada je Arijan Ademi lijepim udarcem glavom potvrdio prolaz u osminu finala. #dinamo #kup #supersporthnk pic.twitter.com/OxsegjZLS8
— sportnet|HR (@sportnet_HR) September 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА