Аријан Адеми ќе си замине од Динамо Загреб како дел од големиот ремонт на најтрофејниот хрватски фудбалски колектив, но македонскиот репрезентативец не планира да се сели далеку.
Словенечки Марибор испрати одлична понуда за да го доведе Аријан во своите редови, Адеми со денови размислуваше, за на крајот да ја одбие понудата на овој клуб од соседството на Загреб. Наместо тоа, тој реши да остане не само во хрватскиот фудбал, туку и во Загреб, избирајќи ја Локомотива за своја следна дестинација во кариерата.
Понудата на Локомотива е далеку пониска од онаа словенечката, но Адеми јасно ставил до знаење дека би сакал да остане да живее во Загреб, поради што приоритет во преговорите дал на хрватскиот прволигаш.
Според информациите од Хрватска, преговорите се во завршна фаза и Адеми по раскинот на договорот со Динамо во следните денови би требало да се пресели кај градскиот сосед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

