Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми го пропушти пријателскиот натпревар на Динамо Загреб против Вардар кој денеска се одигра на „Максимир“.
Покрај Адеми, и Мартин Батурина и Мауро Перковиќ, го пропуштија натпреварот, како што информирале од Динамо Загреб поради вирус, а неизвесно е дали ќе се опорават и за дуелот на тимот против Шахтјор кој следи.
Но, како што пренесуваат хрватските медиуми, според тврдењата на коментаторот на „Максспорт“, кој во живо го пренесуваше натпреварот, сомнежите се дека се работи за коронавирусот Ковид 19.
Засега нема официјална информација од Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА