Македонија го заврши својот дебитантски настап на Европското првенство со три порази во групната фаза. Аријан Адеми и покрај трите порази е горд на себе и соиграчите кои успеаја да испишат историја со настапот на едно големо натпреварување.
„Горд сум што играв со Македонија на Европско првенство. Среќен сум за настапот, но останува голема жал што не направивме нешто повеќе. Многу не чинеше неискуството од играње на такви големи натпревари, не се снајдовме, ни фалеше и среќа во некои ситуации. Заминувањето на Горан беше емотивно. Пандев е легенда на Македонија и нема што тука повеќе да се зборува. Јас сум сигурен дека многу ќе ни недостига во квалификациите за Светското првенство. Тој беше наш капитен, лидер. Многу ќе ни недостига“, изјави Адеми.
Со оваа изјава играчот за врска и дефинитивно ги отфрли шпекулациите дека по Европското првенство и тој ќе ја заврши репрезентативната кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА