Ријека е изненадувачки победник во Купот на Хрватска откако во финалниот натпревар помалку неочекувано со убедливи 1-3 славеше против Динамо Загреб.
Адеми и „модрите“ останаа „на колена“ пред ријечани кои до триумфот дојдоа со головите на Чолак и Халиловиќ во првото полувреме за 0-2 и на Квржиќ во 84. минута за конечни 1-3. Претходно, Динамо Загреб намали на 1-2 во 63. минута со голот на Оршиќ, а во 73. минута Олмо не реализираше пенал за „модрите“.
Аријан Адеми го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, додека Дарко Велковски поради повреда не беше во составот на Ријека. Во тимот на Ријека не се најде и младиот офанзивец Милан Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА