Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со својот Динамо Загреб ќе игра против португалска Бенфика во осминафиналето од Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во Нион.
„Модрите“ ќе имаат противник по мерка за надигрување и битка за историски пласман меѓу осумте најдобри екипи во второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Интересно се очекува и на пресметките меѓу Челси и Динамо Киев но и германско-италијанската пресметка меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Интер. Како и дуелот меѓу руски Зенит и шпански Вилјареал.
ЛИГА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Челси (Анг) – Динамо Киев (Укр)
Ајнтрахт Франкфурт (Гер) – Интер (Ита)
Динамо Загреб (Хрв) – Бенфика (Пор)
Наполи (Ита) – Салцбург (Авс)
Валенсија (Шпа) – Краснодар (Рус)
Севилја (Шпа) – Славија Прага (Чшк)
Арсенал (Анг) – Рен (Фра)
Зенит (Рус) – Вилјареал (Шпа)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА