Адеми и Ристовски добија нов тренер – Чачиќ до крајот на сезоната на клупата на Динамо

Динамо Загреб експресно ја најде замената за Жељко Копиќ кој по вчерашниот пораз во дербито на „Полјуд“ против Хајдук замина од клубот. 44-годишникот ќе го наследи Анте Чачиќ кој до крајот на сезоната ќе биде предводник на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Загрепскиот клуб ја потврди замената којa воедно значи и враќање на Чачиќ во редовите на „модрите“ по сезоната 2011/12. Искусниот стратег кој во својата богата кариера има бројни клубови со успех ја предводеше и хрватската репрезентација од 2015 до 2017 година.

Се вчитува...