Динамо Загреб го промовираше Жељко Копиќ за нов тренер на тимот. Копиќ досега работеше како координатор на младинската школа и беше тренер на вториот тим на „модрите“ од Загреб.
Искусниот Копиќ ќе биде нов тренер на нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а ќе има за задача да ја одбрани титулата во домашниот шампионат и што подобар настап во Европа.
„Сите што добро ме познаваат знаат дека секогаш се вложувам максимално во работата и колективот секогаш го ставам пред моите желби и очекувања. Бев тренер на Хајдук, но сега сум во Динамо Загреб и имам огромен мотив за работа. Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата на раководството и ќе го вратиме тимот, кој несомнено има голем квалитет, во вистински правец“, вели Копиќ.
За потсетување Копиќ на клупата на Динамо доаѓа на местото на Дамир Крзнар кој заработи отказ по вчерашната елиминација од Ријека во Националниот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

