Адеми и Ристовски единствени Македонци во Конференциската лига

По ждрепката во Лигата на шампионите, денеска ќе бидат познати и паровите од првата нокаут фаза во Лигата на Европа и Конференциската лига. Ждрепката во Лигата на Европа е закажана за во 13 часот, а веќе во осминафиналето се пласирани: Вест Хем, Брајтон, Ренџерс, Аталанта, Ливерпул, Вилјареал, Славија Прага, Баер Леверкузен.

Шешири за извлекувањето на плеј-оф рундата во Лига Европа:

Тимови од групите во Лига Европа: Фрајбург, Олимпик Марсеј, Спарта Прага, Спортинг Лисабон, Тулуз, Рен, Рома, Карабах.

Тимови кои доаѓаат од Лигата на шампионите: Галатасарај, Бенфика, Милан, Јанг Бојс, Брага, Ленс, Феенорд, Шахтјор.

Во Лигата на Европа, Македонија нема ниту еден претставник, а единствени македонски амбасадори во Конференциската лига ќе бидат Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб. Иако Адеми не беше пријавен за групната фаза, тој сега ќе биде ставен во тимот кој ќе води битки во нокаутфазата од Конференциската лига.

Тимови од групите во Конференциската лига: Ајнтрахт Франкфурт, Ференцварош, Легија, Лудогорец, Слован Братислава, Гент, Динамо Загреб, Бодо Глимт.

Тимови кои доаѓаат од Лига Европа: Бетис, Олимпијакос, Ајакс, Штурм Грац, Унион Сен Жилоа, Макаби Хаифа, Сервет, Молде.

Тимови пласирани во осминафиналето на Конференциската лига: Лил, Макаби Тел Авив, Викторија Плзен, Бриж, Фиорентина, Астон Вила, ПАОК, Фенербахче.

Се вчитува...