Динамо Загреб стави крај на серијата од два порази во низа и триумифираше со убедливи 5-1 на домашен терен против Локомотива во 8. коло од хрватското првенство.
За петтата победа на „модрите“ во хрватскиот шампионат голема заслуга имаа и македнските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои допринесоа со асистенција и гол.
Бекот во 13. минута асистираше со фантастичен центаршут до Батурина за отварање на средбата, а по голот на Петковиќ во 34. минута, Адеми донесе предност од 3-0 со гол во 51. минута крунисувајќи со гол одлична асистенција на Петковоиќ. Поразот на гостите го ублажи Врбанчиќ во 54. минута, а конечните 5-1 ги постави Торенте со гол во 91. минута и 95. минута.
RISTOVSKI WITH A BRILLIANT CROOS AND BATURINA FINISHES IT OFF AS DINAMO TAKE THE LEAD!#HNL #DZGLOKpic.twitter.com/23V8V7Cvcm
— Croatian Football (@CroatiaFooty) September 28, 2024
ARIJAN ADEMI FOR 3-0!
BRILLIANT MOVE FROM PETKOVIĆ TO LET RPG’S PASS THROUGH TO ADEMI! #HNL #DZGLOKpic.twitter.com/eVeXffGSbc
— Croatian Football (@CroatiaFooty) September 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА