Адеми и Ристовски му пресудија на Томас Тухел

Германскиот стратег Томас Тухел повеќе не е менаџер на премиер-лигашот Челси. Од раководството на англискиот клуб се одлучија за овој потег поради очајниот старт на сезоната во кој лондонскиот клуб премногу се мачи.

Чашата ја прели синоќешниот пораз на гостувањето кај Динамо Загреб, кој хрватскиот тим го доби со минимални 1-0. Од клубот се уште го немаат одбрано наследникот на Германецот, кој би требало да биде објавен во следниот период.

Тухел во Челси стигна на почетокот на 2021 година и веднаш стигна до титулата во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...