Адеми и Ристовски си дојдоа дома, ама сега по елиминација на македонскиот шампион (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски повторно на својата добро позната арена „Тодор Проески“. Но, овој пат во дресот на Динамо Загреб, и сега дојдени по елиминација на македонскиот шампион Шкупи.

Фудбалерите на Динамо Загреб вечерва го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот реванш-натпревар со Шкупи во 2. квалификациско коло за ЛШ, а во фокусот на македонските медиуми секако Адеми и Ристовски.

Според најавите на дел од хрватските колеги, и двајцата утре се очекува да го стартуваат натпреварот против Шкупи кој почнува од 21 часот.

 

 

 

 

Се вчитува...