Адеми и Ристовски со убедлива победа против Ријека (ВИДЕО)

Динамо Загреб продолжува со доминацијата во хрватскиот шампионат, запишувајќи ја и седмата победа во осмото коло овој пат убедливо со 3-1 на домашен терен против Ријека.

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа дел од тимот на „модрите“ кој со головите на Лауритсен, Шпикиќ и Оршиќ имаше предност и од 3-0, а гостите во финишот единствено успеаја да го ублажат поразот.

 

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, а Адеми во игра влезе во 60. минута на местото на Батурина.

Се вчитува...