Адеми има понуда и од Горица, Ристовски во потрага по клуб по разделбата со Динамо

Капитенот на Динамо, Аријан Адеми, ќе го напушти „Максимир“, како и Стефан Ристовски кој се одлучи да не прифати пониска понуда за продолжување на соработката со „модрите“

А, како што пренесуваат медиумите од Хрватска, наводно Адеми уште пред еден месец договорил соработка со хрватскиот прволигаш Горица, која во следната сезона ќе има нов инвеститор.

Претходно се спомнуваше дека и словенечки Марибор има сериозна понуда за Адеми, но Горица, наводно, веќе е поблиску до убедување на поранешниот македонски репрезентативец.

Се вчитува...