Адеми: Испишавме историја, Динамо долго чекаше европска пролет

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми очекувано не го криеше задоволството по обезбедената и дефинитивно европска пролет за Динамо Загреб.

„Модрите“ како првопласирани, веќе се поизвесно, од Групата Д ќе ја очекуваат пролетта во Европа. Нешто кое долги, долги години се очекуваше во Загреб.

„Ова е навистина извонреден успех за нас. На ваков начин да доминирате во групната фаза од Лигата на Европа сигурно мора да бидете задоволни. Испишавме историја. Динамо Загреб долго чекаше на европска пролет и сега сосема заслужено стигнавме до тоа. Потврди овој тим, во кој владее одлична атмосфера, дека има силни адути за европско натпреварување“ – рече Адеми по синоќешниот меч со Спартак Трнава во кој хрватскиот шампион славеше со 3-1.

Се вчитува...