Aдеми изнуди пенал во убедливата победа на Динамо над Шибеник

Фудбалерите на Динамо Загреб се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва на гостински терен славеа над Шибеник со 0-4 во меч од 12. коло од Хрватската лига.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на младиот Сучиќ во 11. минута. Во судиското продолжение во првиот дел на сцена стапи македонскиот интернационалец Аријан Адеми кој успеа да изнуди пенал за својот тим, кој успешно го реализираше Куленовиќ.

Во вториот дел Куленовиќ зголеми и на 0-3 во 50. минута, додека конечните 0-4 беа дело на Мбуку во 86. минута. Aдеми беше заменет на стартот на второто полувреме додека Стефан Ристовски го одигра целиот меч. Кај поразените дел од почетниот тим беше Ленард Жута кој го одигра целиот меч.

 

Се вчитува...