Адеми ја освои шампионската титула во Хрватска со Динамо Загреб

Динамо Загреб по една година пауза си го врати шампионскиот трофеј во Хрватска во своите витрини. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заедно со соиграчите го прослави освојувањето на пехарот, откако денеска на „Максимир“ славеа триумф од 3-1 против Интер Запрешиќ. Во самата завршница, Адеми си постигна автогол, но тоа нималку не го наруши славјето на „модрите“.

На второто место на табелата остана Ријека, со три бода заостанување зад Динамо Загреб. Во редовите на Ријека настапува Леонард Жута. Третата позиција му припадна на Хајдук Сплит, а на четвртото место заврши Осијек, каде настапува Музафер Ејупи.

Се вчитува...