Адеми ќе прослави фантастичен јубилеј на „Сан Сиро“

Аријан Адеми утре ќе го предводи Динамо Загреб на гостувањето против Милан, дуел на кој македонскиот репрезентативец ќе прослави фантастичен јубилеј – 100 европски натпревари во дресот на „модрите“ од Загреб.

Адеми е лидер на тимот со години наназад, а токму тој беше меѓу најзаслужните за фантастичната победа над Челси на стартот од Лигата на Шампионите, дуел на кој токму нашиот ас беше избран од УЕФА за МВП на натпреварот.

Зад името на Адеми се бројните освоени трофеи на хрватската сцена со Динамо, но и 99 дуели во европските купови во дресот на омилениот клуб, притоа постигнувајќи и 13 погодоци.

Аријан Адеми е убедливо прв во оваа категорија во историјата на Динамо Загреб, ако се знае дека второпласираниот Самир има „само“ 76 настапи за Динамо во европските купови.

Се вчитува...