„Ова не е збогум, туку довидување“, рече Аријан Адеми на големото интервју за клупската страница на Динамо Загреб. Капитенот на Динамо после 13 години го напушта тимот и се сели во Кина.
Зборуваше за Динамо, за настапите во Европа, за победите, за допингот…
„Бев со репрезентацијата на Хрватска до 19 години, а потоа добив и повик од Динамо. За такво нешто сонував, само да го облечам тој дрес. На крајот тоа се случи. Бев на ЕП, па веднаш Зајец ме стави во првите 11 во Динамо. Дури кога дојдов тука видов што е сериозен фудбал“, рече Адеми.
За допингот…
„Тоа беше тага и шок. Ми звони телефонот, ме бараше селекторот да дојдам. Тој ми го пренесе тоа. Во тој момент не знаев што е, си мислев дека е некоја грешка. Не бев свесен што тоа значи. Тоа ми беше најтешкиот период во животот. Немав избор освен да се борам до крај и да ја докажам вистината. Две години пауза. Ми беше катастрофа. Не знаев ни што, ни каде. Мислев дека е тоа тоа, дека веќе нема да играм фудбал, а после шест месеци се уверував самиот себе дека се ќе биде добро. Сакав да се вратам најсилен и на сите да им покажам. Имав поддршка од сите и од Динамо. Клубот застана зад мене и јас сум благодарен. Тоа ми даде дополнителен мотив“, рече Адеми.
Враќањето после паузата…
„Прв меч Македонија – Лихтенштајн, се чувствував одлично. После пад од неколку мечеви, ми требаше време да дојдам на себе. Многу голема разлика е кога работев сам, и со екипа“, изјави Адеми.
На меѓународна сцена Адеми призна дека му било најтешко да игра против Санти Казорла од Вилјареал и Арсенал, а од домашниот шампионат против Самир.
Тој кажа дека еден ден ќе се врати во Динамо…
„Ова не е збогум, само довидување. Се надевам дека еден ден ќе бидам тренер во Динамо и дека ќе освојам европски трофеј“, кажа Адеми.
Целото интервју низ видео:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА