Адеми на дебито во Кина со нова позиција и изнуден пенал

Аријан Адеми дебитираше во Пекинг Гуан во првото коло од кинеската Суперлига каде неговиот тим одигра 1-1 против Меижу Хака.

Противничкиот тим поведе во 19. минута, па израмни Пекинг Гуан во 54. минута. Адеми го изнуди пеналот кој го реализираше Жанг Ксиже.

Откако 13 години беше незаменлив во средниот ред на Динамо, Адеми денеска играше како напаѓач и беше најдобро оценет фудбалер во неговиот тим.

Се вчитува...